Векиќ ја испрати Коко Гоф дома

Дона Векиќ го приреди најголемото изненадување во досегашниот дел од женскиот тениски турнир на ОИ во Париз, успевајќи да ја елиминира Коко Гоф со 2-0 во сетови.

Американката како втора носителка важеше за голема фаворитка за медал, но Гоф немаше одговор за расположената хрватска тенисерка, која заслужено стигна до победата. Гоф може да жали за пропуштената шанса во првиот сет, во кој имаше водство од 4-1 и 5-2, но Векиќ успеа да се вратии во тајбрејк да слави со 9-7.

Гоф направи прва брејк и во вториот сет, поведе со 1-2, но потоа на цена стапи Векиќ со пет гејма во низа добивајќи го со 6-2 за пласман во следната рунда, каде Векиќ ќе се сретне со подобрата од дуелот Сакари – Костјук.

Анжелик Кербер продолжува со одличните резултати откако германската ветеранка рутински славеше над Фернандез од Канада со 6-4, 6-3, а пласман во следната рунда обезбеди и Американката Колинс по победата над Осорио од Колумбија со 2-1 во сетови.

Се вчитува...