Дона Векиќ направи нов голем успех во кариерата откако успеа да се пласира во полуфиналето на Летните олимписки игри во Париз и да дојде на чекор од медал. Таа вечерва во четвртфиналето во неверојатен натпревар славеше над Украинката, Марта Костјук со 2-1, по сетови 6-4, 2-6 и 7-6.
Во првиот сет Хрватката одигра неверојатно и го освои со 6-4. Украинката возврати на уште подобар начин, па освојувајќи го вториот сет со 6-2 израмни на 1-1. Во последниот сет Векиќ успеа да слави во тај-брејк со 10-8.
Во полуфиналето таа за противник ќе ја има словачката тенисерка Ана Каролина Шмидлова која приреди вистинска сензација совладувајќи ја шампионката од Вимблдон, Барбора Крејчикова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА