Англискиот премиерлигаш Арсенал нема да му понуди нов договор на напаѓаќот Дани Велбек. Со оглед дека тој заработи сериозна повреда на скочниот зглоб и сезоната за него е завршена, тоа значи и дека веќе го одигра последниот меч на „Емирати“ во дресот на „топчиите“. На лето ќе треба да си побара нова фудбалска средина.
Поради сериозноста на повредата, Дани Велбек мораше да замине на две операции и нема да брза со враќањето на теренот. Менаџерот Унаи Емери одлучи дека нема веќе да смета на неговите услуги.
Велбек оваа сезона постигна пет гола на 14 натпревари во дресот на Арсенал, а се повреди на дуелот со Спортинг во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА