Сеаре Велдезги од Еритреја во машка конкуренција, и Валентина Бендек-Џебет од Кенија во женска конкуренција се победници на десеткилометарската трка во рамките на атлетската манифестација „November run“ во Гевгелија.
Во конкуренција на повеќе од 340 атлетичари, Велдезги победи со време од 29:42 минути, пред Кенеди Кипкемои од Кенија кој заврши втор со време од 29:51 минути. На третото место заврши македонскиот олимпиец Дарио Ивановски со време од 29:56 минути.
Во женска конкуренција, победи Бендек од Кенија со време од 33:19 минути, пред Бугарката Маринела Тодорова Нинева, а трета заврши македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова од АК Делта.
На трката на 5 километри, пак, победи Албер Кипкорир Тонуи од Кенија со време од 14:46 минути, пред македонскиот атлетичар Муџахид Мислими, пред Георги Гергов од Бугарија.
Кај жените, на 5 километри, победи Греса Бакраќи од Косово со време од 17:30 минути, пред Фатих Кангого од Кенија и Бугарката Анастасија Пејчева.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА