Шкендија е пред пласман во 3. квалификациска рунда од УЕФА Конференциската лига откако има предност од 2-1 на полувремето против летонска Валмиера на реванш дуелот кој се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
По триумфот од 1-2 на гостувањето во Рига, Шкендија и сега доминираат против Летонците на домашен терен.
Уште во 11. минута по нафрлањето од прекин од левата страна, Бејтулаи со глава погоди за 1-0.
Откако летонскиот состав израмни со голот на Мурата во 25. минута, следеше вистинска мајсторија на Љупче Дориев во 33. минута за водство од 2-1. Откако во спринт истрча 80 метри минувајќи ја комплетната одбрана на противничкиот тим потоа велемајсторски погоди за предност на црвено-црните на полувремето…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА