Ливерпул и Манчестер сити одиграа неверојатно драматичен натпревар со луда завршница на „Енфилд роуд“ во 25. коло од Премиерлигата, на кој „граѓаните“ со пресврт и гол од пенал во 93. минута дојдоа до победа од 1-2.
Во главно израмнет натпревар, домашните дојдоа до предност со велемајсторскиот гол на Собослаи во 74. минута од средбата, со директен шут од слободен удар од 30 метри.
И, кога се чинеше дека Ливерпул ќе успее да однесе победата целосен пресврт и тотално луда завршница на натпреварот.
Најпрво, во 85. минута за Сити погоди Силва кој успеа да го израмни резултот на 1-1… А, потоа во 93. минута Халанд погоди од пенал за 1-2.
Liverpool 1-(2) Manchester City – Haaland 90+3′ (Pen.)
by
u/977x in
soccer
А, потоа во 100.минута гол и на Черки, кој сепак беше поништен по ВАР интервенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

