Манчестер Јунајтед го именуваше Омар Берада за нов извршен директор на клубот откако Шпанецот поднесе отставка од функцијата главен оперативен директор на Сити групацијата.
Берада репутацијата ја стекна во Манчестер Сити каде започна како комерцијален директор, а подоцна стана еден од клучните луѓе во клубот.
Со преминот од Манчестер Сити во лутиот градски ривал Манчестер Јунајтед Берада направи „велепредавство“, но администрацијата на „граѓаните“ воопшто не го толкуваше овој потег на таков начин, напротив му посака успех во иднина.
„Клубот ја разбира неговата одлука да бара нов предизвик и тој заминува со наша благодарност и најдобри желби“, порачаа од Манчстер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА