Велепредавство во Турција: Фенербахче му го украде Едерсон на Галатасарај

Голема е веројатноста дека бразилскиот голман Едерсон кариерата ќе ја продолжи во редовите на Фенербахче, а не во лутот ривал Галатасарај според последните информации кои доаѓаат од Турција.

Понудата на Галатасарај од 10 милиони евра за едногодишна позајмица беше одбиена од страна на Манчестер Сити, а целата ситуација ќе ја искористи Фенербахче кој сака да се засили на проблематичната голманска позиција.

Трансферот на голманот кој забележа 372 настапи за Манчестер Сити ќе донесе и нов голман во редовите на „граѓаните“ каде се очекува потпис на Џиџи Донарума, италијанскиот репрезентативен голман за кој повеќе нема место во ПСЖ.

Се вчитува...