Велес и Радовиш ја продолжуваат традицијата: Почна велосипедска по повод „Осми септември“

По повод „Денот на независноста“, под покровителство на македонската Влада и Агенцијата за млади и спорт претпладнево стартуваше 12. издание на традиционалната велосипедска тура на релација, Велес до Радовиш.

Турата е во должина од околу 110 километри од Велес преку Неготино, Пепелиште и Криволак до Радовиш како крајна дестинација.

Традиционално како и во изминатите години, се појави еден од најдобрите македонски велосипедисти на сите времиња и поранешен југословенски репрезентативец Дејан Момировски – Денда (54). Тој на рутата до Неготино ќе вози во придружба на својот 15-годишен син Дејан Момировски и 41-годишниот Филип Арсов.

Се вчитува...