Екипата на ФК Велешта ќе биде дел од Втората лига – Запад во наредната натпреварувачка сезона откако овој тим имаше најмногу среќа на денешната ждрепка во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија.
Испразнетото место требаше да биде пополнето со одигрување на бараж-дуели, но откако тие мораа да бидат откажани поради случаи на ковид-19 во дел од тимовите, ждрепката беше избрана за начин на утврдување на последниот второлигаш. Во ждрепката учествуваа и Чаклани од Добри Дол и ФК Фортуна од Скопје, но среќата ги посака членовите на Велешта, кои се селат во повисок ранг на натпреварување.
Што се однесува до Втората лига – Исток, Натпреварувачката комисија во ФФМ донесе одлука екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница да бидат дел од Втора МФЛ – Исток. Одлуката е донесена откако ФК Питу Гули го откажа своето учество од Втора МФЛ и натпреварувањето ќе го продолжи во Трета МФЛ – Централен регион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА