Со одлична втора трка, Алекси Пинтуро се проби од четвртата позиција по првото возење до победничката позиција на велеслаломската трка од Алпскиот светски скијачки куп во Гармиш-Партенкирхен. Со перфектните 1:00:75 минути во втората сесија, Пинтуро надомести за лошото време во воведната трка и дојде до вториот триумф на патеката во германскиот скијачки центар, каде има победа и во 2013 година.
Второто место на подиумот му припадна на водечкиот по воведното возење, Швајцарецот Лоик Мелард, а третопласиран заврши новрешкиот скијач Леиф Кристијан Нестволд-Хауген. Лидерот во поредокот за велеслалом, Словенецот Жан Крањец првпат сезонава не е на победничкиот подиум во оваа дисциплина. Тој останува на лидерската позиција, денеска беше петтопласиран и вкупно има 315 бода.
Зад него е лидерот во генералниот поредок, Хенрик Кристоферсон кој во Гармиш денеска беше на седмото место. Пинтуро е трет во пласманот за велеслалом. Французинот е второпласиран во вкупниот поредок со 55 бода помалку од Кристоферсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА