Капитенот на Партизан, Новица Величковиќ денес стави потпис на нов договор за претстојната сезона со клубот од Белград.
„Се одморив како никогаш досега во кариерата, пред да донесам било каква одлука добро размислував, но сега сум подготвен и веќе почнав да тренирам со екипата. Кога разговарав со управата околу моето останување и во ова сезона, не беше тешко да се донесе одлука. Ова е тим составен од млади кошаркари, но тука сме заедно да се бориме за Партизан“, истакна Величковиќ.
Партизан следната недела ќе игра пријателски натпревар со европскиот првак Фенербахче, а сезоната во АБА-лигата ќе ја започнат со гостувањето во Скопје, против македонскиот шампион МЗТ на, 29. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА