„Новак е уникатен, не можеме да се споредуваме со него“

Стен Вавринка, швajцарскиот тенисер кој исто како и Новак Ѓоковиќ се „бори со времето“ е еден од трите тенисери кои при влезот во петтата деценија од животот се уште се натпреваруваат со успех.

Покрај Вавринка и Ѓоковиќ туку е и Марин Чилиќ и интересно е дека тројцата се во третото коло од Австралија Опен.

Вавринка имаше пофални зборови за двата големи ривали, но и го истакна квалитетот на Ѓоковиќ.

„Мислам дека тоа е фантастично. Ја гледав победата на Чилиќ, фантастично е да видите дека се враќа. Имаше неколку повреди минатата година, така да добро е што повторно игра на неговото ниво“, вели Вавринка кој потоа направи и споредба со Ѓоковиќ.

„Новак е уникатен, тој е друга лига. Ние не можеме да се споредиме со него. Тој е секогаш при врвот. Ќе игра на високо ниво се додека се натпреварува. Неверојатно е како се уште може да игра против секого“.

Ѓоковиќ и Вавринка довеа тешки битки во текот на децениите. Србинот има далеку подобар скор во меѓусебните мечеви (21-6), но голема утеха за Швајцарецот е фактот дека триумфираше во двата финални грен-слем мечеви на Ролан Гарос во 2015 и УС Опен во 2016 година.

Се вчитува...