Велинов е пред потпис со Тиквеш

Тиквеш е пред договор со еден од најискусните домашни офанзивци, Стојанче Велинов.

Велинов на крајот од сезоната се раздели со Гостивар, кој доживеа прволигашка промоција, па сега е пред трансфер во редовите на кавадаречкиот прволигаш.

33-годишниот Велинов претходно во кариерата настапуваше за Брегалница, Тетекс, Силекс, Ренова, Работнички, Академија Пандев, Охрид, Осогово и Велешта.

Се вчитува...