Напаѓачот на Брегалница, Стојанче Велинов, од денеска веќе не е дел од штипскиот прволигаш. Тој самиот ова го потврди на својот профил на Фејсбук.
„Не сакам да коментирам, само потврдувам – не сум повеќе член на Брегалница“, напиша напаѓачот на Фејсбук.
Иако Велинов има договор со Брегалница до крајот на сезоната, сепак, најавува заминување од клубот. Дали со ова ќе се сложи и раководството на Брегалница, останува да се види во наредните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА