Македонскиот фудбалски интернационалец Стојанчо Велинов го раскина договорот со косовскиот прволигаш Трепча 89. По само неколкумесечна соработка, тој одлучи да се врати во Македонија, истакнувајќи дека влијание за ваквата одлука имало и неговото семејство. Велинов е пред потпис со второлигашот Струга Трим Лум, кој има амбиции за пласман во елитата.
„Сакам да се заблагодарам на раководството на Трепча 89 за досегашната соработка и на тимот му посакувам многу подобри резултати. Нашата соработка траеше кратко, мислам дека е најдобро за клубот и за моето семејство“, истакна Велинов.
Тој во Македонија беше дел од Брегалница, Тетекс, Силекс, Ренова и Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

