Велиновски заминува од АП Брера, Цветаноски се враќа во Струмица

Фудбалерот на АП Брера Кристијан Велиновски заминува во Азербејџан, каде што потпиша со екипата на Сумгаит. Крилниот фудбалер го прави својот прв интернационален трансфер, откако во минатото покрај Академија Пандев, играше и за штипска Брегалница.

Нема долго АП Брера да чека за негова замена. Во Струмица се враќа добро познато име. Станува збор за Матеј Цветаноски кој што во моментов е без ангажман, и е на добар пат да биде замената за Велиновски во АП Брера.

Цветаноски играше за Брера од јануари до јули оваа година, и сега само ќе го продолжи својот престој во оваа екипа. Крилниот фудбалер во минатото беше дел од Шкупи, Вардар, Пелистер, Македонија ЃП, а има и интернационална кариера играјќи во Партизани од Албанија и во Ѓирмот од Унгарија.

Се вчитува...