Изминатиов период се одржа хибридно онлајн европско првенство во шах за млади во старосните категории 08, 10, 12, 14, 16, 18 и 20 години.
Македонските преставници беа лоцирани во просториите на “Јахја Кемал”.
Најдобар македонски преставник беше Андреј Велјаноски освојувајќи го 16. место со 5 поени од 9 партии. Единствен наш претставник кој успеа да освои над 50% од поените. Андреј Велјаноски е член на шаховскиот клуб Гамбит Асеко-СЕЕ од Скопје и ученик во ПСУ “Јахја Кемал”.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

