Македонија претрпе пораз на контролниот натпревар против Словенија, но многу повеќе од конечниот исход загрижува повредата на Велко Маркоски, кој мораше да биде заменет уште кон средината на првото полувреме. Тој не се врати на терен до крајот на мечот откако беше удрен со топка од страна на Бомбач, а повредата на окото на прв поглед не делува нималку наивно.
„Искрено сум загрижен за Маркоски, кој треба да биде предводник на нашата одбрана. Сосема добро им париравме на Словенците до моментите на неговата повреда, а потоа отсуството на овој искусен ракометар се почувствува. Тој утрово замина на прегледи во Љубљана, во исчекување сме на резултатите за да видиме за колку сериозен проблем со окото станува збор. Нема сомнеж дека негово евентуално отсуство би било огромен проблем за нас во пресрет на ЕП“ – изјави селекторот Данило Брестовац.
Ракометарите утре ќе го одиграат и последниот контролен натпревар пред Европското Првенство, против селекцијата на Црна Гора.
Македонија својот прв меч на ЕП 2020 ќе го игра на 10 јануари против Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

