Вележ е освојувач на Купот на БиХ откако во финалето кое се одигра во Зеница триумфираше против Сараево дури по изведувањето на пеналите.
Тимот од Мостар дојде до трофејот по серијата од 4-3 во пенал-рулетот, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без голови.
Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски остана само на клупата за резервни фудбалери не добивајќи шанса да настапи во финалниот натпревар.
На тој начин, Сараево негативно ја заврши сезоната во БиХ откако непосредно пред финалниот натпревар се одлучи и да се раздели со македонскиот тренер Александар Васоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА