Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски и тоа како е задоволен по ремито на неговото Сараево против италијанската Аталанта во 2. квалификациско коло за Лигата на Европа.
Сараево одигра 2-2 на гостувањето во Италија, и покрај тоа што имаше негатива од 2-0 по првото полувреме. Но, капитенот на тимот, Велкоски сега нагласува дека добиена е самодоверба пред реваншот за седум дена во БиХ.
„Навистина ми е мило за овој резултат поради нашите навивачи. Силно не бодреа и во Италија а може да замислам само каков ‘пекол’ ги очекува Италијанците во Сараево. Се надевам дека ‘Кошево’ ќе биде преполно… Тоа ќе биде натпревар за кој се живее“ – вели Велкоски, кој го издвои голманот Павловиќ како човек за пресврт по одбраната со која спречи водство и од 3-0 за домашните.
„Можеби тоа беше пресвртен момент. Реагираше одлично, па нас потоа ни се отвори простор и знаевме дека мора да ја искористиме секоја и најмала шанса за погодок“ – истакна македонскиот напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

