Велкоски после две години го напушта Лачи

После две години минати во албанскиот тим Лачи, дефанзивецот Виктор Велкоски летово ќе има нов клуб. Поранешниот стопер на Работнички и на Вардар, во 2021 година стигна во Лачи, со кого играше две сезони во Европа.

Велкоски одигра 42 натпревари за албанскиот тим во сите натпреварувања, вклучувајќи ги и мечевите во Лигата на Конференции.

За дефанзивецот има интерес од неколку клубови од Европа и од Азија, а наскоро ќе се знае каде ќе ја продолжи кариерата. Во минатото покрај Вардар и Пелистер, Велкоски играше и за Егиниакос, Победа, Скопје, Љубанци и Пелистер.

Се вчитува...