Велкоски: Против Работнички да излеземе од резултатската криза

Брегалница веќе четири едноподруго натпревари не знае за победа со освоен само еден бод од можните 12 во Првата македонска фудбалска лига.

Утре штипјани на домашен терен ги очекува пресметката со Работнички во желбата конечно да се стави точка на негативната серија.

Виктор Велкоски, кој е еден од столбовите на одбраната на „сините“ во минатото настапуваше и за тимот на Работнички. Сега верува дека мечот со „романтичарите“ е шанса Брегалница да ја прекине негативната резултатска серија и конечно да дојде до победа и нови три бода.

„Очекувам еден екстремно тежок натпревар, екипата на Работнички е доста спремна има доста квалитетни играчи. Ние, исто така сме максимално подготвени, атмосферата во соблекувалната е одлична и како и на секој натпревар, така и во сабота, ние одиме на победа и на три бодови. Сакаме да излеземе од оваа негативна резултатска серија“ – вели Велкоски во изјава за официјалната интернет-страница на клубот.

Се вчитува...