Екипата на Сараево доживеа елиминација во осминафиналето од Купот на БиХ, откако загуби со пресврт од 3-2 на гостувањето против Широки брег. Но, мечот го одбележаа многу тензии, инциденти и на теренот и на трибините поради што имаше и прекин од 20 минути на натпреварот.
Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски, кој е и капитен на Сараево, веднаш по мечот искажа огромно незадоволство од текот на средбата и бројните напади кон нив од страна на домашните навивачи.
„Навистина меч без спортски елементи. Не заслуживме пораз. Домаќинот имаше помош од судиите кои судеа катастрофално. Овде секој натпревар се игра на нож, а никој не ги штити гостинските фудбалери. Еднаш мора да се стави крај на тоа. Публиката цело време фрлаше тврди предмети на терен и никој не реагира на тоа. Што треба, некој повторно да загуби глава и дури тогаш да се освестиме. Ова е срамно“ – вели Велкоски по вчерашниот дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

