Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски е најавен како големо засилување за Сараево пред стартот на новата сезона во шампионатот на БиХ.
Македонецот и тоа како е во фокусот и на босанските медиуми, потенцирајќи пред нив дека е пресреќен што повторно е во својот дом…
„Среќен сум што се вратив во својот дом каде чувствувам најубаво. Чувството е навистина одлично. Ќе дадеме се оваа сезона да биде наша. Ќе се потрудиме тоа да го покажеме уште на првиот натпревар против Зрински. Сараево секогаш тежи кон титулата како и кон Купот. Ќе биде неизвесно, но ние ќе направиме се да ги израдуваме нашите навивачи“ – вели Велкоски пред почетокот на новата сезона во Босна и Херцеговина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА