Вељковиќ се „отвори“: Ликенс зема пари од трансферот на Тричковски во Бриж

Менаџерот Дејан Вељковиќ, со којшто работеа многу фудбалери кои направија трансфери во Белгија, меѓу кои и наши поранешни репрезентативци, се одлучи да се „отвори“ пред Судот, и да каже кој и како земал мито и поткупувал за трансфери, со што се најавува фудбалски земјотрес во оваа земја. Вељковиќ беше ослободен од вина за случајот „Чисти раце“ во кои беа инволвирани лица за перење на пари, поткуп на лица од фудбалски клубови и делење на црни пари во реализација на трансфери.

Вељковиќ се одлучи да ги открие деталите во кои споменува многу познати фудбалски имиња, тренери, фудбалери, директори кои добивале пари за трансфери. Тој открил најмалку 15 тренери и директори кои добивале пари или подароци за реализација на трансферите. На листата се и поранешниот селектор Жорж Ликенс, како и екс хрватскиот репрезентативец и тренер Иван Леко.

Вељковиќ открил дека наводно Ликенс во 2012 година зема плик со пари за реализација на трансферот на Иван Тричковски во Бриж. Тогаш македонскиот голгетер настапуваше во АПОЕЛ, па под водство на Ликенс, се случил трансферот во Белгија, но набрзо и завршила авантурата на екс белгискиот селектор во овој клуб. Екс селекторот, пак, преку својот адвокат веднаш ги демантирал овие наводи.

Се вчитува...