Велковски: Данците премногу ги респектиравме, со Португалија тоа нема да биде случај

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари максимално подготвени ќе го дочекаат денешниот дуел со Португалија, клучен за нашите шанси за следната фаза ако се знае дека евентуален пораз  ќе значи и дефинитивен крај на настапот по првата групна рунда.

Противникот е фаворит, но македонските ракометари веруваат дека за разлика од првиот дуел со неприкосновената Данска, овојпат ќе можат да парираат, да се надигруваат со противникот, зошто да не на крајот и да стигнат до победата.

„Може да се каже дека тие се фаворити особено поради нивните последни резултати на СП 2025. Покажуваат некоја доминација, но мислам дека се на одредено ниво пониско од Данска. Секако дека на овој меч многу повеќе ќе зависи од нас отколку што тоа беше на првиот дуел, со Данците во некои ситуации имавме преголем респект, овојпат тоа нема да биде случај. Верувам дека со поголема самодоверба ќе имаме поефикасен напад. Португалците исто како и Данците се селекција што сака многу да трча, да има што поголем број на напади, верувам дека ние можеме да им парираме“, истакнува Мартин Велковски.

Се вчитува...