Предноста од 12 гола од првиот меч во Италија е огромна, но ракометарите на Алкалоид се свесни дека не смеат да го потценат противникот Бриксен, без оглед колку се поквалитетни од него.
Реваншот меѓу двата клуба на програмата е в сабота со почеток во 18 часот во салата Автокоманда, а репрезентативецот Мартин Велковски очекува нова одлична партија и убедлива победа на Алкалоид во ЕХФ Европскиот куп.
„Пред нас е реванш меч со вицешампионот на Италија. Резултатот од првиот меч е навистина убедлив, но не беше така во текот на целиот натпревар. Бриксен игра модерен европски ракомет и не е тим за потценување. Очекувам да дојдеме до победата, ја повикувам публиката да дојде да ни даде поддршка за на крајот како и досега заедно да се радуваме на победата. Првиот меч мина во високо темпо од првата минута, затоа и имаше толку многу постигнати голови. Наша цел е да ја продолжиме триумфалната серија во Европа“, истакна Велковски на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

