Велковски ги напушти подготовките на Вардар

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски ги напушти подготовките на Вардар во Анталија, и се врати во Скопје, информира клубот на својот официјален сајт. Дефанзивецот  поради повреда не можеше да биде на располагање на екипата во последните неколку дена, и стручниот штаб во консултација со медицинскиот тим, донесоа одлука фудбалерот да продолжи со рехабилитација во Скопје.

Дарко Велковски има воспаление на ахиловата тетива, поради што беше спречен да го одработува стандарниот тренажен процес на подготовките на екипата во Турција. Велковски сега ќе се рехабилитира во Скопје, со надеж дека ќе биде „фит“ и подготвен за настап до почетокот на пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...