ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Македонската репрезентација ремизираше 29-29 на вториот меч од ЕП 2026 против селекцијата на Португалија, дуел што ќе остане запаметен по неверојатното издание на Филип Кузмановски и 15-те погодоци на македонскиот капитен. Покажавме и квалитет и карактер, се вративме од „минус пет“ во второто полувреме, а немавме среќа во самата завршница, во последната минута да ги наградиме одличните одбрани на Томовски со победнички гол.
Велковски по мечот изјави дека е горд на своите соиграчи…
„Морам прво да кажам Разочарнми сме за резултатот, но ова е голем чекор за нас и голем резултат за нас. И покажавме на Европа дека знаеме да играме ракомет. Уште пред да дојдеме знаевме кои натпревари се клучни. Мораме да одиме на победа против Романија“, изјави Велковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

