Велковски и Џерард ќе ја тестираат силата на Работнички во Словенија

Работнички од утре е на подготовки во Словенија. Екипата ќе се подготвува во Словенија 12 дена, а веќе ги закажа и четирите пријателски средби.

Претходно беше познато дека еден од ривалите на „романтичарите“ ќе биде тимот на Трабзонспор во кој настапува Енис Барди, а сега Работнички закажа контрола и со Ал-Етифак, во кој настапува екс играчот на тимот од Дебар Маало, Дарко Велковски, и тим кој е предводен од англиската легенда Стивен Џерард.

Серијата на контролни натпревари Работнички ја почнува со израелски Ашдод на 19 јули, а три дена подоцна е контролата со Бриње од Словенија. На 25. јули е закажан пријателскиот меч со Трабзонспор, додека со Ал-Етифак се игра на 27. јули, што ќе биде последен „тест“ пред враќањето од Словенија.

Се вчитува...