Дарко Велковски и неговата Ријека успеаја да се пласираат во полуфиналето од Купот на Хрватска откако во дербито на четвртфиналната рунда славеа над големиот ривал Динамо Загреб на Адеми и Ристовски на „Максимир“ со 1-3.
Гостите поведоа со голот на Обрегон во 27. минута, а веќе две минути подоцна беше и 0-2 со погодокот на Дрмиќ. Домаќините намалија преку Толиќ во 73. минута, а конечните 1-3 ги постави Муриќ во 98. минута.
Велковски го одигра целиот меч за Ријека, додека кај „модрите“ Ристовски влезе во 46. минута, додека Адеми во 61.
— Follow @aboutHNL (@aboutHNL_Goals) December 1, 2021
— Follow @aboutHNL (@aboutHNL_Goals) December 1, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА