За Дарко Велковски, репрезентативецот на Македонија има неколку заинтересирани европски клубови. Понудите се од Турција, Шпанија и Унгарија, а најновата доаѓа од Полска.
Најконкретен во преговорите е шпански Леванте, кој имаше и испратено две понуди до Велковски, но на крајот може да не излезе ништо од трансферот на стоперот во Шпанија.
Во меѓувреме полска Јагиелонија, која пред две недели го потпиша Дарко Чурлинов на позајмица од една година, би можела да испрати понуда до македонскиот стопер. Јагиелонија ја испитува можноста да го ангажира Велковски како слободен агент, и треба само да се договори за неговата плата.
Инаку Велковски требаше да замине во Полска уште пред да направи трансфер во Романија, меѓутоа на крајот трансферот пропадна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА