Македонската репрезентација се соочува со проблем откако Дарко Велковски се пожалил на повреда на последниот тренинг и тој е неизвесен за настап на дуелот со Италија.
Селекторот Благоја Милевски објасни и за ситуацијата со Аријан Адеми, кој би требало денеска да се приклучи на репрезентацијата откако ќе го среди својот „кам-бек“ во Динамо.
„Ситуацијата со Аријан и натаму не е решена, се надевам дека ќе се реши онака како што посакува, очекувам во секој момент да ни се приклучи“, рече Милевски.
Потоа се сврте кон ситуацијата со Велковски и со Трајковски.
„Ситуацијата со Трајковски и Велковски. За жал Дарко почувствува болки во ногата на претходниот тренинг, неизвесен е за утрешниот меч. Трајковски делува мотивирано и физички подготвен да се стави во функција на тимот, и познавајќи ги двајцата, имаат уште што многу да понудат на овој тим како што впрочем и во минатото биле и се вложувале максимално во репрезентацијата“, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА