Велковски: Многу е тешко да го замениш Кире Лазаров

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Данска ја прегази Македонија со 31-20, и нашиот ракометен национален тим со три порази во втората фаза го заокружи настапот на Европското првенство. Вараждин ќе остане „несреќен“ за нас во оваа 2018 година, но ако има нешто добро и во поразите, тоа се младите ракометари кои се појавија на европската сцена. Мартин Велковски доби шанса за настап на позицијата десен бек по повредата на капитенот Кире Лазаров.

„Многу е тешко да го замениш Кире Лазаров. Сите очекуваат од таа позиција да се постигнат по десетина голови, но Лазаров е врвна класа. Се надевам дека во иднина, со многу труд и работа, ќе можам подобро да одговорам на барањата. Ние младите добивме поголема шанса на овие два последни меча, против Чешка и против Данска, игравме добро до одреден период, и потоа се гледа дека не можеме да го издржиме силното темпо. Тоа е голема лекција за нас и поука дека треба уште многу да работиме“, изјави Мартин Велковски.

Се вчитува...