Велковски: Огромно искуство, до лани го гледав Хансен на ТВ, а сега…

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Повредата на Кире Лазаров остави силна трага врз нашите игри во Вараждин, но поради целата ситуација шанса доби младиот Мартин Велковски, кој беше стартер и на дуелот со Данска.

„Одигравме одлична прва фаза од шампионатот, но за жал потоа следеше повредата на Лазаров. Тоа ни се одрази на конечниот пласман, но дадовме се од себе. Се надевам дека не го разочаравме македонскиот народ, голема благодарност до навивачите за поддршката што ни ја даваше во изминатиот период“ – накратко го прокоментира Мартин Велковски нашиот настап на ЕП.

Младиот ракометар на Металург покажа потенцијал и квалитет што ќе може да се надградува во периодот што следи.

„Дефинитивно ова беше големо искуство за мене. Играв против еден Хансен и други ракометари од самата елита што до неодамна ги гледав само на ТВ, а сега можев да се уверам во нивните квалитети и на терен. Се надевам дека ја оправдав довербата“ – истакнува Велковски.

Се вчитува...