Дарко Велковски поради повреда нема да биде во составот на А репрезентацијата на Македонија за октомвриските натпревари во Лигата на нации против Лихтенштајн (13. октомври, национална арена „Филип Втори“) и Ерменија (16. октомври, „Вазген Саргсјан“ во Ереван).
Дефанзивецот на Ријека има руптура на задната ложа и поради тоа не е во можност да конкурира за настап на претстојните два репрезентативни натпревари.
Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски по отпаѓањето на Велковски за дуелите со Лихтенштајн и Ерменија дополнително испрати повик за Ѓоко Зајков од белгиски Шарлроа.
Репрезентативниот собир пред двата квалификациски натпревари е закажан за понеделник (8. октомври) од 12 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА