Во таборот на ракометниот национален тим владее задоволство од играта и резултатот на вчерашниот прв дуел со Грција, на кој Македонија успеа да триумфира со 33-30 како успешно загревање пред почетокот на ЕП 2024.
Десниот бек Мартин Велковски е оптимист дека „црвено-жолтите“ максимално подготвени ќе го дочекаат европскиот шампионат, каде без оглед на аутсајдерската улога во групата ќе се прикажат во добро светло.
„Скоро дваесет дена минавме на подготовки. Уште чувствуваме замор од подготовките, но полека доаѓаме во посакувана форма, пријателските средби служат токму за тоа. Одигравме добар натпревар, имавме одредени падови, но заслужено победивме. Спремни ќе патуваме на Европското првенство. Нормално е да сме возбудени пред едно вакво натпреварување. Имаме трешка група, но ќе се фокусираме на себе и ќе се претставиме на најдобар можен начин. Верувам дека ќе ги оправдаме очекувањата на јавноста“, изјави Велковски по првиот меч со Грција.
Македонија и Грција попладнево ќе одиграат уште еден меѓусебен натпревар, но овој ќе биде без присуство на навивачи, како последна можност за воигрување на тактичките замисли на селекторите пред заминувањето на ЕП во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА