Велковски: Покажуваме дека можеме да играме егал со најдобрите репрезентации

ЕКИПА во Вараждин, 

Стеван Цаневски

Мартин Велковски даде значаен придонес во одбраната на нашата селекција, успеа да постигне и два гола во нападот, а десниот бек на прес-конференцијата искажа задоволство од искажаниот карактер на нашата репрезентација.

„Честитки до селекцијата на Австрија која се покажа како силен противник. Беше полесно кога игравме шест на шест, но знаевме дека ќе тргнат со играч повеќе бидејќи тоа е нивното главно оружје. Се боревме, се обидовме да ги исфрлиме од ритам, но тие се навистина добри во овој сегмент од играта. На крајот, стигнавме до реми исто како и против Унгарија, тешко ни е бидејќи потрошивме толку многу енергија… Стануваме се подобри и покажуваме дека можеме да играме на највисоко ниво против дел од најдобрите селекции од Европа“, изјави Велковски.

Следен предизвик за нашата репрезентација ќе биде дуелот со селекцијата на Катар, закажан за четврток во 15.30 часот.

Се вчитува...