Велковски: Резултатот не е реален, бевме казнети за нашите промашувања…

Големо е разочарувањето меѓу ракометарите на Алкалоид по вчерашниот пораз од Хановер во првиот европски натпревар летово. Македонскиот тим одигра добар натпревар, но слабата релизација на зицер-ситуациите се покажа клучна за на крајот да биде претрпен пораз од десет гола разлика.

Мартин Велковски, кој е еден од најискусните во младиот состав на Алкалоид, смета дека конечната разлика од „минус десет“ воопшто не е реална слика за случувањата на теренот во Хановер.

„За мене, ова е доста нереален резултат, затоа што мислам дека имавме добра игра во нападот, но промашивме доста седмерци, доста контри, отворени шутеви, што е недозволиво за ваков тип од натпревар. Потфрливме во реализацијата, бевме казнети. Најголемата разлика беше конечните десет гола разлика, за кои уште еднаш велам дека се нереален резултат затоа што тоа не е вистинска слика од случувањата на теренот. Треба повеќе да се фокусираме да ги реализираме тие чисти ситуации и да не ни се повтори нивниот голман да има таква партија во Скопје. Што се однесува до квалитетот на нивниот голман на мечот со нас, тоа донесе мал пад, деконцентрација, можеби и пад на самодоверба во некои моменти… и тоа мора да го поправиме пред мечот во Скопје“, истакна Велковски.

Се вчитува...