Македонските младинци во фантастичен натпревар синоќа ја демолираа Полска, па сега само уште Португалија (17.45 часот, СРЦ Кале) стои на патот на нашиот национален тим кон мундијалот што летово ќе се одржи во Алжир. Мартин Велковски е еден од тројцата играчи кои заедно со Талески и со Нелоски го пренесоа неопходното искуство од сениорските настапи за Металург во ЛШ, имајќи значајна улога и во нападот и во одбраната.
Тој не го криеше задоволството по одличниот настап со Полјаците, но исто така е свесен и дека мора да се одржи истото ниво и на денешната пресметка со Португалија, на која евентуална победа ќе значи и мундијалски билет.
„Одигравме одличен натпревар против Полска. Против себе имавме квалитетен противник, но со одлично издание во одбраната успеавме да го запреме, за на другата страна со серија голови уште во првото полувреме да стигнеме до победата. Секако дека сме презадоволни, но не смееме да летнеме во облаци бидејќи мечот со Португалија е како финале за нас – победата значи пласман на СП. Немаме премногу време за анализа на противникот, но главна цел ќе ни биде да одиграме на исто ниво како против Полјаците. Ако го сториме тоа, Португалците ќе немаат шанса да ги запрат нашите налети“ – изјави Велковски во пресрет на денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА