Македонската фудбалска репрезентација во сабота ја очекува пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија кој ќе биде одигран во Абу Даби. За истиот селекторот Благоја Милевски одигра група на фудбалери од домашниот шампионат на кои ќе им се приклучат и интернационалците Дарко Велковски и Кристијан Тошевски.
Велковски смета на средбата против Саудиска Арабија ќе биде тешка пред се на физички план и со оглед на невоиграноста на составот, но подготовките одат во најдобар можен план и „црвено-жолтите“ ќе бидат подготвени за наигрување.
„Околностите се малку поинакви од вообичаените на кои сме навикнати. Со некои од фудбалерите прв пат сме заедно, но тренираме добро. Тест натпреварот со Саудиска Арабија ќе биде вистински предизвик за оваа селекција. Противникот заврши прв во групата во Азија за пласман на Светското првенство и навистина ќе биде тежок натпревар, пред се на физички план, бидејќи некои од нас сеуште се адаптираат на временските услови во Абу Даби“, вели Велковски кој продолжува:
„Работиме да анализа на противникот, имаме уште неколку заеднички тренинзи и се надевам дека одлично ќе одговориме на овој предизвик. Не се сомневам дека тактички ќе бидеме на високо ниво, стручниот штаб посветува големо внимание на тој дел од нашата игра за секој натпревар. Сметам дека ќе бидеме подготвени за добар натпревар“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА