Велковски: Вардар мене ми помогна, време е сега јас нему да му помогнам

Екипата на Вардар ги продолжува подготовките во својот тренинг камп во Хиподром, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Во последните денови од престојот во Турција, „црвено-црните“ го ангажираа и Дарко Велковски кој треба да помогне на патот кон титулата, и кон одбрана на трофејот во Купот.

Велковски изјави дека е подготвен да му помогне на клубот.

„Во моментов Вардар мене ми помогна, а јас ќе му помогнам и на Вардар сигурен сум во тоа. Во последни година и пол не бев како што треба, доста мечеви имав пропуштено и се надевам тука ќе го фатам ритамот. Колку можам ќе придонесам. Имаме добра екипа за македонскиот шампионат, ако сме како што треба знам дека ќе ја освоиме титулата. Повеќето играчи ги познавам, неколку странци не ги познавам, а од македонските играчи запознаен сум со нив. Ми треба неколку дена да се спремам, па ќе видиме што ќе биде понатаму. Се надевам на голема минутажа, а целта до крајот на оваа сезона се знае, прво место и Куп-титула, потоа и настап во Европа“

Се вчитува...