Велковски: Знаевме дека Спортинг ќе падне во второто полувреме

Мартин Велковски одигра стандардно добро во дресот на Еурофарм Пелистер давајќи значаен придонес во вечерашниот триумф над Спортинг Лисабон.

Битолчани минатата седмица пропуштија одлична можност на гостински терен да го совладаат Спортинг, но затоа вечерва демонстрираа целосна надмоќ во однос на португалскиот состав и заслужено се радуваа на победата.

„Честитки до тимот на Спортинг за добриот натап на овие последни две средби. Верувам дека нашиот триумф е апсолутно залсужен со оглед на она што го покажавме. Минатата седмица ние патувавме од Битола до Лисабон и знаевме дека тоа остава трага врз тимот за време на натпреварот. Знаевме дека тие нема да можат да го издржат темпото, дека ќе паднат во второто полувреме бидејќи заморот ќе го стори своето. Се случи токму тоа, а ние бевме максимално мотивирани и подготвени да го искористиме тој пад, одигравме одличен меч и заслужено победивме“, изјави македонскиот репрезентативец во дресот на Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...