Велосипедизмот завиен во црно: Норвежанец загина за време на кралска етапа

Кралската етапа на трката низ Австрија остана во сенка поради смртта на норвешкиот велосипедист Андре Дреге.

Според организаторите, 25-годишниот велосуипедист од тимот на „Коп Репсол“, паднал додека се спуштал од највисоката австриска планина Гросглонкер кон Хајлигенблург и им подлегнал на повредите. И натаму не се познати детали за несреќата, туку е познато дека Норвежанецот бил во водечката група.

Претпослената етапа ја освои Филипо Гана од Италија, но беше откажа церемоинијата поради оваа трагедија. Диего Улиси води во генералниот пласман.

Се вчитува...