Велосипедот на словенечкиот ас Тадеј Погарач кој го возеше на 16. етапа на овогодишениото издание на Тур де Франс е продаден на аукција за неверојатни 174 илјади евра.
Станува збор за единствен колекционерски примерок кој привлече големо внимание на спортската јавност па наддавањето достигна вртоглава сума која сепак е далеку од рекордот кој е во сопственост на легендарниот Ленс Армстронг.
Тоа е велосипедот „Trek Madone Butterfly“, дизајниран од уметникот Дејмиен Хирст кој Армстронг го возеше на Тур де Франс. Истиот е продаден за 500 илјади евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

