Денот на независноста на Република Македонија, 8.Септември беше повод за денешната седма велосипедска тура низ Македонија во организација на Сојузот на спортови на град Скопје.
Претедателот на Сојузот на спортови на Скопје, 77-годишниот Ѓорги Кузмановски беше предводник на овој подвиг кој подразбираше возење од Скопје до Богомила. Делницата од 104 километри беше мината за помалку од четири часа.
Овој настан е под покровителство на Владата на Република Македонија и има за цел да прерасне во активност која ќе го негува здравиот живот во Македонија уште многу години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА