Велс без двајца клучни играчи против Македонија

Фудбалерите на Велс иако беа големи фаворити на гостувањето кај Лихтенштај во меч од 7. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада, на крајот успеаја да слават со минимални 0-1 што е одлична вест за Македонија.

Eдна од првите ѕвезди на Велс, Ампаду е суспендиран за дуелот против Македонија во Кардиф, кој ќе биде решавачки во борбата за втората позиција во групата од квалификациите, но капитенот на Велс смета дека незаслужено бил санкциониран.

„Разочаран сум. Се нервирам затоа што не го допрев ривалот и ја освоив топката. Ни требаше победа и успеавме да ја добиеме. Моравме да бидеме трпеливи, имавме многу шанси“, вели Ампаду.

И стрелецот на голот Џордан Џејмс нема да настапи на дуелот против нашата селекција.

„Вистинско разочарување е да добиете жолт картон. Не размислувате за тоа на теренот, тие беа во против-напад и јас морав да го запрам. Мислам дека имаме доволно сила за да победиме во вторник“, кажа Џејмс.

Се вчитува...