Македонија ја очекува повеќе од сериозен предизвик против селекцијата на Велс во 2. коло од Групата Ј во квалификациите за СП 2026, вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Велшката репрезентација е составена од фудбалери во 80% кои играат во англиската Премиерлига, што е само по себе потврда за тимот кој е предводен од Крег Белами кој, пак, откако е на клупата на Велс не знае за пораз. Белами досега нема пораз како селектор на Велс откако го презеде пред 10 месеци, со четири победи и три ремија.
Но, Македонија знае како да се победи Велс. Досега двете репрезентации играле само двапати меѓу себе, во квалификациите за СП 2014.
Тогаш, во септември 2013 година, во Скопје славевме со 2-1. Иван Тричковски донесе водство во 20. минута, па израмни противникот од пенал кој го реализираше Ремзи во 39. минута, а победата ја донесе Трајковски во 80. минута, откако претходно во игра влезе на местото на Агим Ибраими, сега член на Управниот одбор на ФФМ.
На возвратниот дуел кој се одигра во Кардиф, Велс славеше со 1-0 со голот на Черч во 67. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА