Селекторот на Велс, Роб Пејџ доби отказ после три и пол години на оваа функција. Тој ја предводеше селекцијата до првиот настап на Светското првенство, и првпат со селекцијата се пласираше во втората фаза на ЕВРО 2021.
Сепак, селекторот ја плати цената на тоа што со репрезентацијата не се пласираше на ЕВРО 2024. Фудбалската асоцијација на Велс дури сега расправаше за неговата иднина, и одлучи да се раздели.
49-годшниот стручњак е на чело на Велс од 2020 година, и во 45 меча оствари 15 победи, 15 ремија и 15 порази. Неговата селекција го загуби клучниот дуел со Хрватска во квалификациите, и така не обезбеди учество на ЕП во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА